Предности на камерата во новиот iPhone 5S

Вчера беше претставен најновиот премиум телефон на Apple, iPhone 5S. Еден од поважните новитети на телефонот е камерта, па во оваа статија ќе ги разгледаме предностите на камерата во однос на неговиот претходник.

Повторно добиваме камера со 8 мегапиксели, но со доста појак сензор кој опфаќа 15 проценти поголема површина што овозможува да добиеме многу по квалитетни слики во простории со слаба осветленост. Исто така добиваме нова и подобрена леќа и пикселите се зголемени за подобро апсорбирање на светлината. Се на се, новата камера реагира подобро на светлина за 33% подобро од старата.



Повеќето смартфони, вклучувајќи ги и оние на Apple, имаат постојано проблем со осветлувањето на блицот кој многу често се случува да ја уништи сликата, но ова повеќе не е случај со iPhone 5s. Новиот телефон користи „True Tone“ двоен блиц кој во зависност од условите осветлува со различни нијанси на бело/жолтеникава боја.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О