Обвинетиот за претепување и обид за кражба, Кање Вест, се нафрлил во јуни годинава врз папарацо на аеродромот во Лос Анџелес.
Тогаш раперот го нападнал фоторепортерот Даниел Рамос и се обидел да му го земе фотоапаратот. ”Бев шокиран кога тој ме нападна. Се што сакав е да му поставам едно-две прашања. Но тој се караше. Прочитав во неговите очи дека се подготвува да ме нападне”, раскажува Рамос.
Адвокатите на Вест излегоа со тврдењето дека нивниот клиент само се обидел да го спречи фотографот да го снима. Но адвокатот на Рамос вели друго: “Г-дин Вест одеднаш се нафрлил на Дани, го удрил и ја подал раката во обид да го извлече фотоапаратот од неговите раце.”
И уште: “Во обид да го задржи фото апаратот, Дани паднал на колена на тротоарот, поради што го повредил десното бедро. Болката која ја искусил, била толку силна што заради неа тој требаше да биде пренесен со брза помош во болница” .