Наполи победи, Милан се спаси од пораз

Наполи на нашиот Горан Пандев ја оствари и третата победа во новата сезона во италијанската Серија А. Жртва на избраниците на Рафа Бенитез овојпат беше Аталанта, а Милан се спасуваше од пораз на гостувањето кај Торино кој прокоцка предност од два гола.


Наполи ја победи Аталанта со 2:0, Пандев играше до 66. минута, а токму неговата замена Марек Хамшик беше инспиратор на триумфот кој домаќините го обезбедија со головите на Игуаин и Калјехон и со кој избија на првото место на табелата пред Јувентус и Интер.

Милан имаше незгодно гостување во Торино каде домаќините водеа со 2:0 до 88. минута. Д’Амброзио и Черчи донесоа предност за домаќините, Мунтари намали на две минути до крајот, а пеналот за гостите досуден во судиското продолжение го реализираше Марио Балотели за конечни 2:2 во 97. минута од натпреварот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О