Алеш Пипан: „Ова не беше нашата игра и нашето вистинско лице“

Селекторот на нашата репрезентација изјави дека не е задоволен од одиграното денеска против Босна и Херцеговина, со надеж дека Македонија и утре ќе добие шанса со победа против Летонија да се пласира во следната фаза од Првенството.

„Кога ја победивме Србија пред два дена се радувавме, сега немаме причина за такво нешто. Сега сме ставени во ситуации самите да не одлучуваме за нашата судбина. Мораме да победиме со одредена разлика против Летонија, а во меѓувреме да се надеваме дека резултатите и од другите средби ќе одат во наш прилог. Што се однесува до оваа средба нашата концентрација падна во финишот на натпреварот и доживеавме тежок пораз од кој мораме да извлечеме поуки со цел да не ги повториме истите грешки и утре. Ако не смениме ништо нема да поминеме ништо подобро против Летонија. Потфрливме во пред се во скокот. Тимот треба да знае што треба да се прави на теренот, а тоа не беше случај во овој сегмент од играта денеска. Против Србија тоа беше еден од клучевите за нашата победа, но овој пат целосно потфрливме. Моите кошаркари како да очекуваа Босанците уште пред стартот на мечот да се предадат, но тоа не се случи. Противникот во средбата влезе крајно мотивирано, беше подобар од нас. Ние како да чекавме еден од друг некој да повлече. Тоа не беше нашата игра, тоа не беше нашето вистинско лице“, изјави Алеш Пипан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О