Куп детали за наводниот иден таблет на Nokia истекоа во виртуелниот простор. Тие вклучуваат како фотографија на уредот, која може да се види во статијата, така и детали за хардверот на моделот.
Спецификациите на гаџетот вклучуваат ARM-базиран quad-core процесор, 10.1-инчен дисплеј во резолуција 1920х1080 пиксели, како и 6.7 MP задна камера со Carl Zeiss оптика. Таблетот на Nokia со кодно име Sirius ќе има и посебен додаток – приклучнаа станица со тастатура и дополнителна батерија.
Интересно е дека таблетот ќе користи Windows RT. Тоа е чудно, со оглед на фактот дека оперативниот систем засега се покажа како доста неуспешен и критиките кон него се многу. Освен тоа, гласините велат дека таблетот на Nokia ќе чини 500 долари, што изгледа како прилично висока цена.
Се разбира, можно е овој модел дури да не се појави во продажба, ако Microsoft не се задоволни од него. Имено софтверскиот гигант е новиот сопственик на мобилниот бизнис на Nokia, откако се здоби со него порано во текот на месецот.