Нервоза на Wall Street од продажбата на новите iPhone смартфони

Инвестициските компании на Wall Street загрижено ги следат сите извештаи кои пристигнуваат од целиот свет за продажбата на новите iPhone смартфони кои официјално од вчера се достапни во продавниците.
 
 
Според првичните информации во првиот викенд ќе бидат продадени меѓу 5 и 7 милиони iPhone смартфони, а оваа борјка ќе биде многу појасно определена во наредните денови кога и побарувачката е всушност најголема.
 
 
Причини за нервоза на Wall Street, центарот на финансиксиот и берзански пазар во Њујорк има многу бидејќи инвеститорите се загрижени за падот на вредноста на акциите за повеќе од 15% проценти во изминатите месеци, па успехот на новите iPhone смартфони ќе биде исклучително важно.
 
 
Според анализите на инестициските куќи комбинираната продажба на iPhone 5S и iPhone 5C од пет милиони долари би се сметала за неуспех, додека пак се над таа бројка би било добредојдено. Оваа година Apple прави истовремен пласман на iPhone 5S и iPhone 5C на голем број на пазаривклучувајќи ја и Кина, која и во нашите претходни анализи се споменува како клуч за успехот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О