Најнова во низата е бразилската манекенка 24 годишната Кет Торес која работи за агенцијата „Elite Model manadment“ во Париз. Младата Кет потврди дека е во врска со холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо.
- Се запознавме во Кан, бевме сместени во иста куќа, откри русокосата девојка, а пренесува Дејли Мејл.
Тие двајца се блиски уште од летото, а во Кан цело време ги пратеа телохранители за да не можат папараците да им ја нарушат приватноста.
- Лео е прекрасен, но не сакам да откријам премногу. Имаме договор во медиумите да не зборуваме за нашата врска, вели Кет.
Бразилката уживаше на одмор во Европа, а вели дека луѓето не ги застанувале на улица ниту пак им пречеле како што е тоа случај со Американците.
Лео пред Кет, беше виден во друштво на манекенката Тони Гарн, а сега веројатно ја заведе и 14 години помладата убавица.