Во текот на петте години кои му беа потребни за овој подвиг 24 годишниот Џејмс потроши 125.000 фунти и го оствари својот сон.
Своето патување го финансирал работејќи различни хонорарни работи од својата 16 година. Исто така и во текот на патувањето тој работеше најчесто во барови и хостели.
Патувањето го започнал во 2008 година, а како прва дестинација ја одбрал Египет каде сфатил дека има желба да ги посети сите земји во светот вклучувајќи ги и нестабилните и небезбедните земји.
- Виетнам ми беше првата независна држава која ја посетив и таму поминав три месеци, вели Џејмс кој сега работи како банкар во Лондон.
Џејмс најмногу време поминал во Африка каде се задржал дури шест месеци.