HTC наскоро ќе го претстави својот прв фаблет, односно поголемата верзија на HTC One. Овој уред ќе има Full HD екран со големина од 5.9 инчи, како и моќен хардвер за подршка на неговите функции.
Под хаубата ќе биде сместен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 600
процесор со брзина од 1.7 GHz, 2G B RAM, како и вградена меморија од 32
GB. Тоа што најмногу привлекува внимание е скенерот за отпечатоци кој ќе се наоѓа на задната страна. Неговата батерија од 3200 mAh ќе биде сосема доволна за повеќечасовна активна работа.
HTC успеа да ги добие сите одобрувања при тестирање на патентите и
функционалноста на фаблето и останува само да се појави пред светската
јавност на 15-ти октомври. Меѓу новитетите е и обновениот кориснички интерфејс HTC Sense 5.5 кој ќе дебитира заедно со HTC One Max.