Лео Меси еден oд најдобрите фудбалери на денешницата, ѕвездата на
Барселона покажува дека освен на зелените терени одличнo се снаоѓа и во
глумењето во новата реклама на Samsung посветена на работата на Galaxy
Note 3 и паметниот часовник Galaxy Gear.
Аргентискиот фудбалер има улога на мистериозен бизнисмен кој уништува
дел од стариот град за изградба на нов објект. Тоа што изненадува на
крајот е дека неговиот проект е всушност изградба на фудбалско
игралиште.
Samsung како и секогаш вложува многу пари во маркетинг кампањите кои
имаат висок квалитет, па така и оваа со Лео Меси изгледа одлично. Во
продолжение погледнете го целиот рекламен спот.