Samsung Galaxy S5 пристига во јануари


Според пишувањата на медиумите од Кореја, кои цитираат извори од внатрешноста на Samsung, Galaxy S5 ќе биде официјално најавен во јануари следната година. 



Се наведува дека лансирањето на овој уред ќе биде многу порано отколку што се очекувало, диктирано од разочарувачката продажба на Galaxy S4 моделот. По се изгледа дека иако овој паметен телефон е продаден во над 20 милиона примероци, според податоците од месец јули, Samsung сепак не е задоволен и смета дека можел да постигне многу подобри резултати.
Овие податоци потврдуваат дека Galaxy S5 ќе пристигне многу порано од неговите претходници.

Колку за потсетување, S4 е претставен во март оваа година, а моделот S3 во мај 2012-та година. Се очекува дека на пазарот Galaxy S5 ќе биде достапен уште од фебруари месец.
Кога се во прашање спецификациите, Galaxy S5 е сè уште во фаза на надоградување, но се очекува дека паметниот телефон би можел да дебатира со 64-битен Exynos 5430 чип со осум јадра и Heterogeneous Multi-Processing можности.

Се споменува и камера од 16 мегапиксела која би се одликувала со ISOCELL сензор и би имала и OIS поддршка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О