Станува збор за снимка на која може да се види како еден
полицаец брутално ја турка затвореничката кон подот во ќелијата, по што
таа паѓа и го удира своето лице директно во клупата.
Имено, неодамна била објавена снимката која што кренала голема
прашина во Чигаго, поради претераната полициска бруталност кон жената
која била во притвор. На снимката може јасно да се види како еден
полицаец ја турка жената, по што таа удира со главата во клупата и се
здобива со тешки повреди. Четириесет и седумгодишната Касандра Ферстејн била уапсена затоа што спиела во автомобил паркиран покрај улицата. Нејзиниот адвокат пред неколку дена во јавноста го објавил видеото на кое што може да се види како полицајците ја вадат неговата клиентка од ќелијата затоа што таа наводно побарала да му се јави на својот сопруг. Но, само по неколку секунди на снимката се гледа како полицаецот Мајкл Харт грубо ја фрла Касандра во ќелијата, при што таа удира со лицето директно во клупата.
Потоа Харт само се доближува до жената која е облеана во крв, додека не дојдат други двајца полицајци да и помогнат. Поради тешките повреди на лицето, Касандра морала да подлегне на пластична операција, пишува "The Huffington Post".
Она што е уште поинтересно е тоа што полицаецот против Касандра поднел тужба поради непочитување на службено лице, но сите обвиненија биле отфрлени по прегледот на доказите. Касандра пак признала дека возела во пијана состојба.
Полицаецот кој ја турнал жената, која притоа сериозно се повредила, се уште е на своето работно место и против него не е покрената било каква пријава.