Фудбалскиот клуб Чарлтон Атлетик потврди дека ги истражува сите детали околу видео снимката која се појави, а на која се гледа младиот пар како на центарот од теренот има сексуален однос.
Тие, наводно, за време на ноќта упаднале на стадионот „Вали“, дошле до средина на игралиштето и тука го соблекле оној дел од облеката за кој мислеле дека им е вишок и се „фрлиле“ еден на друг.