Првата фаза е времето помеѓу свеста и сонот, во која е многу едноставно некого да разбудите. Доколку се разбудите во оваа фаза ќе имате чувство како воопшто да не сте спиеле.
Втора фаза е тоа што Филип Герман, психијатар од Универзитетот во Пенсилванија, го нарекува "просечен сон", во кој минуваме половина од нашето спиење. Во оваа фаза мозочните бранови се побавни, отчукувањата на срцето се изедначуваат, а крвниот притисок се регулира. Тоа значи дека поголем дел од ноќта нашето срце го добива потребниот одмор, со што би можеле да се објаснат кардиоваскуларните предности на урамнотеженото спиење.
Трета фаза е нашиот најдлабок сон, а тоа е кога мозочните бранови се претвораат во повратни, регенерирани и бавни бранови со големи амплитуди. Повеќето наши функции се побавни, а телото го започнува своето заздравување. Тоа е исто така фаза во која луѓето понекогаш зборуваат во сон, месечарат, јадат..."REM" спиењето е фаза во која доживуваме живописни сништа.
Според Герман, експертите оваа фаза често ја нарекуваат "парадоксален сон", бидејќи телото е релаксирано додека мозокот е бистар како да сте будни. И да, за тоа време, исто така доживуваме брзо движење на очите или "rapid eye movement", според кое фазата го добила името. Нашите мускули се парализирани, па така не можеме физички да ги доживееме нашите сништа, а дишењето и бројот на отчукувања на срцето значително варираат.
Истражувачите исто така знаат дека во одреден момент за време на спиењето, иако не се сигурни кога точно, нашите тела регулираат хормони кои го контролираат гладот, а нашиот мозок ги заклучува сеќавањата и користи податоци апсорбирани ден претходно.
Иако не е секогаш можно навечер да се спие од седум до десет часа, како што препорачуваат експертите, сега барем можеме да го цениме тоа што се случува кога спиеме.