Планот на Цукерберг е наречен "Zee-town", а градот би требало да биде целосно самостоен со сите содржини за живот на 10.000 вработени.
Покрај седиштето на "Facebook" во Сан Франциско, основачот на таа компанија, Марк Цукерберг, сака да изгради град на брегот на океанот, кој на површина од 80 хектари ќе вдоми 10.000 вработени од таа компанија.

Замислено е дека во неговите граници, покрај куќи, ќе има и супермаркети, трговски центри, хотели, кино сали и уште многу други комплекси. Плацот на кој треба да почне изградбата, "Facebook" веќе го купил за 400 милиони долари и è во близина на земјиштето каде што моментално се наоѓа седиштето на компанијата.
Архитектот задолжен за изградбата и замислата на целиот проект е познатиот Френк Гери, кој го проектирал познатиот музеј "Гугенхајм" во Шпанија.
Колкава доверба има Цукерберг во него, најдобро докажува фактот дека на располагање на архитектот му се ставени 200 милијарди долари, колку што "Facebook" е подготвен да издвои.