Видеото е лажирано? На сите „им паднале во очи” џиновските џихадисти

Делот кој изгледа како со него да е мошне манипулирано е оној со многу високите џихадисти и џуџестите жртви.

Исламската држава се покажа вешта во користење на онлајн медиумите како алат за ширење на пропаганди, но нивното видео од егзекуцијата на 21 египетски христијани-Копти е дочекан со голем скептицизам кај аналитичарите.

Имено, ИСИС на 15 февруари повторно шокираше со објава на нова видео снимка од масовната егзекуција на 21 египетски христијани-Копти, кои беа заробени во Либија во текот на нападите во реонот на градот Сирт. Но, бидејќи аналитичарите имале доволно време внимателно да го разгледаат и анализираат видеото, тие веруваат дека во него постојат повеќе аномалии кои сугерираат дека снимката е дополнително „дотерана“, за да се додаде драматичен ефект.


Уредничката директорка на Институтот Terrorism Research & Analysis Consortium, Верјан Кан, истакнува дека видеото има „многу продукциски аномалии“. Тие технички грешки ја издаваат автентичноста на тоа видео, додава таа, пренесува News.com.au.

Еден од факторите кој кај многумина предизвика сомнеж е висината на одреден број џихадисти наспроти нивните жртви.


„ Делот кој изгледа како со него да е мошне манипулирано е оној со многу високите џихадисти и џуџестите жртви“, смета Мари Ламберт, холивудска режисерка на хорор филмови.


Кан исто така верува дека непропорционалната големина на Џихад Џосеф (џихадистот кој зборува во камерата) наспроти позадината, всушност е знак дека сцената е снимена во затворен простор и дека морето во позадина е дополнително додадено.

„ИСИС се покажа револуционерен во користење на технологијата на зелена позадина, најмногу за да ја ограничи изложеноста на беспилотни летала“, смета Кан.


Видеото на крај прикажува море црвено од крв. Лаберт смета дека тука станува збор за очигледен специјален ефект, додека Кан додава дека се работи за „најевтиниот и најлесен пост продукциски алат“.


И додека навистина нема сомнеж дека 21-от маж, од кои повеќето биле рибари, се убиени од страна на цихадистите, легитимноста на видеото кое тврди дека ја прикажува нивната егзекуција, е на „стаклени нозе“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О