Поддршка доаѓа од сите страни: Секој би реагирал како Матиќ!

Многу познати новинари и фудбалски стручњаци ја поддржаа реакцијата на Немања Матиќ по бруталниот старт на фудбалерот на Барнли, Ешли Барнс.

Малку недостастуваше фудбалерот на Барнли со својот опасен старт да ја загрози кариерата на Немања Матиќ на саботниот натпревар помеѓу Челси и Барнли (1:1) во рамките на 26-то коло во англиската Премиер лига. Начинот на кој реагираше Матиќ беше најмногу за жолт картон, се согласуваат многу новинари и струњаци на Островот.

Поранешниот фудбалер на Јунајтед, Гери Невил на својот профил на Твитер напиша: „Матиќ имаше целосно право да реагира така, а во контекст на тоа што се случи, неговата реакција не беше за црвен картон“.

Коментирајќи за радио БиБиСи, поранешниот англиски репрезентативец Крис Вадл изјави: „Тоа беше страшен старт. Тоа е најлошиот можен старт во фудбалот, можеше да му ја скрши ногата. Секој играч би реагирал како Матиќ“.

„Судијата донесе погрешна одлука. Морате да го користите здравиот разум, а Барнс можеше многу лесно да му ја скрши ногата на Матиќ, па неговата реакција беше природна, стана и го турна. А Барнс не доби ниту жолт, додека Ивановиќ беше санкциониран поради расправија со судијата“, изјави поранешниот фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон.

„Барнс имаше „пуштено“ нога и го удри фудбалерот на Челси во десната потколеница. Тоа е прекршок за кој денес се добива директен црвен картон. Исклучувањето на Матиќ го промени натпреварот“, пишува познатиот Дејвид Велш од "Sunday Times".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О