Како интернетот може да ви го уништи животот: „Се` што сакав исчезна преку ноќ”

Поради една фотографија, Американката Линдзи Стоун станала „државен непријател број еден“.

Есента 2012 година, Американката Линдзи Стоун работела за организацијата LIFE која им помагала на возрасни личности со ментални проблеми. Линдзи била една од придружниците на групата на излет во Вашингтон каде што, измеѓу другото, ги посетиле и Националните гробишта во Арлингтон, познати по тоа што таму се погребани многу американски војници.

Надвор од работата, Линдзи и нејзината пријателка Џејми, која исто така работела за LIFE, сакале да прават глупави фотографии. На пример, да се фотографираат со цигара во устата пред знак „забрана за пушење“ или пред познати статуи имитирајќи ги нивните пози.

Истото го направиле и во Вашингтон, на гробиштата во Арлингтон на кои стоело знак „Тишина и почит“. Линдзи позирала пред тој знак глумејќи дека вика и пцуе со подигнат среден прст. Фотографијата ја ставиле на Фејсбук, добиле неколку негативни коментари, но не се загрижиле многу за тоа мислејќи дека не се работи за ништо посебно.

Неколку недели подоцна, додека седеле во ресторан, мобилните почнале да им беснеат. Ги преплавиле известувања од Фејсбук. Бидејќи девојките немале наместени поставувања за приватност, нивната фотографија почнала да се споделува ширум социјалните мрежи, а Линдзи станала „државен непријател број еден“.

Ова се само некои од коментарите за нејзината фотографија: „Линдзи Стоун ја мрази војската и војниците кои загинале во војни“, „Ти си чисто зло!“, „Би требало да гориш во пеколот!“.

Во рок од неколку часа на Фејсбук настанала страница „Отказ за Линдзи Стоун“ која за кратко време собрала повеќе од 12.000 лајкови. После тоа Линдзи била уништена, пренесува The Guardian.


Следниот ден пред нејзиниот дом осамнале телевизиски екипи. „Буквално преку ноќ исчезна се` што сакав“, вели Линдзи која поради целокупната ситуација останала без работа, а потоа и паднала во депресија што резултирало со нејзино затворање меѓу четири ѕида цела една година.

Никој не и` одговарал на молбите за работа. Кога ќе појдела на интервју за работа им ја објаснувала нејзината ситуација, затоа што знаела дека со еден клик може да ја дознаат целата приказна. Сепак, на еден разговор заборавила да го спомене тоа и ја добила работата во центар за деца со аутизам. Сепак, после шест месеци добила отказ.

После тоа, Линдзи никогаш не можела во целост да биде опуштена или смирена. Тој интернет терор секогаш и` висел над глава. Затоа, внимавајте што постирате по социјалните мрежи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О