Лолита во топлес издание: Дали е ова на границата на секое мерило за вкус?

Селена Гомез се појавува во топлес издание во најновиот број на магазинот "V". Но, на нејзините обожаватели не им пречи нејзиното провокативно издание, туку тоа што е таа претворена во Лолита, па на фотографиите изгледа значајно помладо од својата реална возраст.

За обожавателите со тоа се надминати сите граници и мерила за вкус и пристојност.

"Колку вознемирувачко издание во V магазинот", "Таа изгледа како да има 12 години, што се случило со нејзината шминка?", "Секси фотографиите на Селена Гомез Лолита за магазинот 'V' се малку повеќе непристојни", се само дел од коментарите кои ги напишаа нејзините обожаватели.


Актерката и пејачката која се прослави првенствено со улогите во серијалите на Дизни, на една фотографија позира во шорц прекривајќи ги своите гради со своите раце.

"Ова е помалку и морничаво, бидејќи таа не само што изгледа како да има 12 години, таа е и облечена како да е токму на таа возраст", искоментира еден обожавател на Селена.



Селена во магазинот зборува за нејзината врска со поранешното момче Џастин Бибер. Тој е нејзина прва љубов, но таа вели дека во овој момент никогаш не би се вратила во минатото, дури ниту за милион години. Таа продолжува понатаму и учи од сопствените искуства и грешки.


Изданието на магазинот "V" со Селена Гомез ќе биде пуштено во продажба на 26-ти февруари.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О