Таа го освои срцето на популарниот пејач, но бесните обожавателки ѝ се закануваат со смрт!

"Не го заслужуваш, тргни се на страна!" е само еден лавината негативни коментари кои ѝ биле упатени на новата избраничка на младиот пејач.

Момците од One Direction имаат буквално огромен број на обожавателки кои го следат секој нивен чекар, а многу од нив посакуваат токму тие да го освојат срцето на својот омилен пејач. Затоа и кога ќе дознаат дека тоа ѝ успеало на некоја друга девојка, љубомората буквално блика од сите страни.

За Мелиса Вајтлоу се шушка дека е новата девојка која го освоила срцето на Најал Хоран, а неговите обожавателки буквално веднаш експлодирале и тргнале со лавина од негативни коментари на друштвените мрежи.



Бројните обожавателки сметаат дека Мелиса не го заслужува Најал, па таа добила дури и смртни закани ако се осуди да го повреди на било каков начин.

Љубоморните испади следеле откако на интернет мрежата се појавила фотографија на која Најал и Мелиса се бакнуваат во едно казино во Сиднеј.



- "Се колнам дека ако му направиш нешто лошо на Најал, ќе те убиеме. Не се шегувам. Ти благодарам!", гласи еден од коментарите на друштвените мрежи, а веднаш потоа следеле и останатите коментари од типот "Не ми се допаѓаш", "Ти не си девојката на Најал", "Најал е многу подобра личност од тебе", "Тој може многу подобро", и уште многу други "креативни" негативни коментари. 



После бројните непријателски пораки, се огласи и Мелиса, која ги замоли сите девојки да престанат да ѝ пишуваат негативни пораки бидејќи никому ништо лошо не му сторила.

Па, после сите овие негативни коментари, дефинитивно не би сакале да бидеме во нејзина кожа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О