Овие холивудски ѕвезди прошетаа по црвениот тепих во модни промашувања

На доделувањето на Оскарите не се само во преден план оние кои добија награди, туку и славните личности кои во најдобро или најлошо издание прошетаа по црвениот тепих.

Само затоа што имаат „армија на дизајнери“ позади себе, кои детално ги подготвуваат за секое случување, не значи дека холивудските ѕвезди се кралеви и кралици на стилот. Тоа го докажаа и оваа година кога некои личности се издвоија со своите големи модни промашувања.

Бизарните модни комбинации на црвениот тепих не може да пројдат без, секако, Лејди Гага. Таа синоќа носеше бела тоалета до под со крлушки како на крокодил, па сите очи беа вперени во неа. Тоалетата е дело на дизајнерот Азедин Алаја, кој прв пат облекол славна личност за црвениот тепих.


Многу дизајнери велат дека најголемо модно промашување е да се носи црвена боја на црвениот тепих. А токму таква грешка направила Соланж Ноулс, сестрата на славната пејачка Бијонсе, која не само што се појавила во црвено, туку била облечена во нешто измеѓу фустан и пантолони.


Младата актерка Лорелај Линклатер, која дебитираше во филмот „Boyhood” номиниран за Оскар, одбрала полу-провидна тоалета со голем шлиц и така се смести измеѓу овогодинешните модни промашувања. Можеби Лорелај сакала да го сврти вниманиеот од фијаското кое го доживеа филмот во кој глумеше, па била подготвена на ново фијаско, овој пат модно.


Уште една млада актерка покажа недостаток на стил, чекорејќи на црвениот тепих во тоалета која личи на завеса од 17 век. Клои Грејс Морец синоќа прв пат врачуваше награди на добитниците, но за жал во оваа тоалета изгледаше постаро од многу поискусни колешки. Разбирливо е актерките кои се уште не се светски популарни да сакаат да се издвојат, но модните промашувања никако не се добар начин за тоа.


Да не биде дека само жените имаа модни промашувања, еве и еден маж, исто така познат по модните испади. Иако минатата година доби Оскар за најдобра споредна улога, Џеред Лето оваа година сигурно освои награда за најлошо облечен маж. Нејасна комбинација на стерилно бели чевли и светло-виолетовото одело, дополнети со чадор за дожд, кој поради недостатокот на врнежи воопшто не бил потребен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О