Секоја чест! Говорот поради кој жените станале од своите столчиња!

Требало тоа да биде обичен говор за благодарност, но добитничката ги изненадила сите и ја искористила својата шанса да застане зад жените во Холивуд.

Кој вели дека жените не се солидарни? Токму спротивното го покажала Патриша Аркет, која на 87-то доделување на Оскарите ја освоила златната статуетка за најдобра споредна женска улога во филмот "Boyhood" на Ричард Линклатер.

Аркет, примајќи ја наградата, повикала на еднакви плати за жените во САД - тоа било момент кој го обележал целиот настан.

"Оваа награда е за секоја жена која родила, за секоја жена која плаќа данок и è државјанин на оваа земја: Се боревме за сечии права и еднаквост. Сега е време мажите и жените да бидат платени еднакво за својата работа и да почнеме да се бориме за правата на жените во Америка", рекла Аркет, што предизвикало бран од воодушевување кај публиката - посебно од славните Мерил Стрип и Џенифер Лопез.

Ова е прв Оскар за оваа 46-годишна актерка, која во оваа категорија се натпреварувала со Ема Стоун (Birdman), Лора Дерн (Wild), Кира Најтли (Imitation Games) и Мерил Стрип (Into the Woods).

Филмот е интересен по тоа што бил сниман 12 години, а го следи растењето на детето од неговата 5-та година, па се до полнолетството.
 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О