Ново страшно злосторство: Погледнете ја исламската парада на смртта!

Џихадистите на Исламската држава вчера објавиле нова снимка, во која тврдат дека убиле најмалку 21 курдски војник во Ирак.

На снимката се гледаат 21 заробеник, сите во портокалова облека, кои се претставени како 16 борци на воените сили на ирачки Курдистан - таканаречени пешмерга, двајца ирачки војници и тројца полицајци од Киркук, град на 240 километри северно од Багдад, пренесува AFP.

Најпрво е прикажано како заложниците, со спуштени глави, џихадистите ги водат кон кафезите на еден плоштад окружен со бетонски ѕидови и маскирани борци на "ИД" со оружје во рацете, а еден брадест маж со бел турбан на главата ги предупредува припадниците на пешмерга да не се спротивставуваат на џихадистичката организација.


Потоа се гледа како заробениците во кафези на задниот дел од камионети се спроведуваат на улиците, додека жителите и вооружените мажи сето тоа го набљудуваат.


На снимката не е прецизиран датумот ниту локацијата, но курдските извори за француската агенција рекле дека видеото било снимено пред една седмица на пазарот во Хавиџа, град под контрола на ИСИС, кој е оддалечен на 50 километри од Киркук.


Видео снимката не содржи ниедна експлицитна закана за заробениците, но тие на крајот се прикажани како клечат пред маскираните мажи со автомати во рацете.


Во рамките на оваа снимка биле прикажани и сцени од претходни снимки на Исламската држава, вклучувајќи го убиството на јорданскиот пилот, кој бил запален жив во кафез, како и отсекувањето на главата на 21 египетски христијанин во Либија.


Командантот на пешмерга во Киркук, генералот Хијова Раш, рекол дека припадниците на курдската војска биле заробени на 31-ви јануари, кога го одбивале нападот на Киркук.


Исламската држава заземала големи делови од Сирија и Ирак минатата година, прогласувајќи ги за исламски калифат.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О