Албанец „газда” во австриски затвор: Дрога на кило, виски, мобилни, оружје, пари...

Во неделата, веднаш откако осамнаа овие фотографии во јавноста, стражарите до детал ја претресле неговата ќелија, но не пронашле ништо.

Затвореник од албанска националност ја шокирал австриската јавност со фотографии од својата ќелија на кои се расфрла со мобилни телефони, дрога, виски и голема сума на пари.

Албанецот Илјер А. (името е променето) се наоѓа во Штајн, втор затвор по големина во Австрија, недалеку од Кремс, каде што служи казна за трговија со наркотици.

Тој, очигледно со уживање, сака да му покаже на целиот свет, а особено на затворските чувари, дека ужива позади решетките, со иронија ги коментира овие фотографии австрискиот дневен весник„Heute”.

Покрај објавената селфи фотографија од ќелијата, Илјер ја фотографирал и својата маса на која се наоѓаат пакетчиња дрога, пиштол, два мобилни телефони, шише виски и многу пари. Тука се и „линии“ кокаин подготвени за конзумација.

Во неделата, веднаш откако осамнаа овие фотографии во јавноста, стражарите до детал ја претресле неговата ќелија, но не пронашле ништо.

„Ние еднаш веќе му ги одзедовме мобилните телефони, а ќе го контролираме и понатаму“, кратко изјавил Бруно Салдек, шеф на затворот Штајн.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О