Џвакајќи ја омилената играчка и окружен со полицајци, овој германски овчар за последен пат се прошетал низ полициската станица и се збогувал со долгогодишните колеги.
Германскиот овчар Џаџ се збогувал од полицајците со кои работел 6 години. Џаџ е заслужен за апсење на 152 лице, заплена на три возила, дрога и три пиштоли од приватни лица на улица, но и спречување на низа други кривични дела.
Поради проблеми со забите во 2013-тата година, по шест години работа, морал да ја напушти полициската служба.
Минатиот јуни неговата здравствена состојба се влошила, почнал да ги губи влакната и да повраќа. Ветеринарите забележале и израстоци на површината на кожата, а дури 13.000 долари биле собрани само за еден ден за кучето да биде спасено.
За жал, тоа не било доволно, а полицијата била принудена да донесе тешка одлука и да го успие верниот колега.