Исчезнатиот авион на "Malaysia Airlines" - MH370, бил киднапиран по наредба на Владимир Путин, а потоа тајно приземјен во Казахстан.
Експертот Џеф Вајс изјавил дека киднаперите ја наместиле навигацијата на авионот на тој начин што ќе праќа податоци дека авионот е во потполно друг правец, а всушност слетал на аеродромот Бајконур, кој Русите му го изнајмиле на Казахстан.
Треба да се потсети дека веднаш по исчезнувањето на малезискиот авион, премиерот на таа земја пратил молба до властите во Казахстан да ги спроведат сите потребни работи за истражување. Но, властите на Казахстан никогаш не пратиле одговор на оваа молба.
"Казахстан ја нема потребната опрема и можност да изведе нешто вакво. Но Русија, од друга страна, може", рекол Вајс.
"Во MH370 имало три лица кои по националност биле Руси. Двајца имале украински пасоши со официјално место на живеење во Одеса. Дали токму тие двајца биле припадници на специјални единици или оперативци на тајна задача", се прашува Џеф Вајс.
Тој признал дека не знае зошто Путин би сакал да го киднапира авионот, и признал дека знае дека теоријата му е малку "луда". Но, и покрај тие тврдења тој изнел неколку причини поради кои Путин би можел да нареди киднапирање на авионот, пишува Daily mail.
"Можеби Путин сакал да и демонстрира на Америка, која на Москва и воведе санкции, дека може да му наштети на Западот и сите негови сојузници било каде во светот. Можеби од друга страна сака да дојде до некој од патниците, а можеби киднапирањето имало некое друго значење. Или Путин сакал еден ден тој авион да се појави наполнет со експлозив", вели Вајс.