"Тие луѓе веќе ѝ го свртеа грбот на неа, а потоа истото ми го направија и на мене", рекол Каније, кој телото на својата сопруга го нарекол "тело на сите тела".
Во низата испади на искреност, Каније Вест во неодамнешното интервју за Style открил дека ги изгубил речиси сите пријатели поради врската со Ким Кардашиан.
"Од секогаш била мојата муза, а сега е муза и на други дизајнери. Кога почнавме да излегуваме, многу луѓе од модата беа против идејата за ѕвезда од реално шоу во тој свет, а сите пријателства кои некако сум успеал да ги изградам пропаднаа. Тие луѓе веќе ѝ го свртеа грбот на Ким, а потоа истото го направија и со мене", вели Каније. "Но, Ким и јас секој ден сме сè подобри. Покрај тоа, цело време гледаме наши заеднички фотографии од минатото - јас поради неа го поправив својот стил, а таа го направи истото поради мене".
Славниот рапер зборувал и за телото на својата убава сопруга, кое е честа тема на разговори, нарекувајќи го "тело на сите тела".
Кога станува збор за модата, Каније повторно го "нападнал" модниот свет, велејќи дека модната публика не е ниту на своја страна, а уште помалку на негова. Потсетуваме, последната во низата колекции, таа за "Адидас", Каније ја претставил пред некој ден во Њујорк, во рамките на "Fashion Week". Во интервјуто им се извинил на сите кои морале да чекаат поради доцнењето на ревијата.
"Жал ми е, но јас тоа не го направив намерно. Јас немав поим колку е часот, ниту бев задолжен за тоа. Тоа беше моја прва ревија во последните три години и им се извинувам на сите кои мораа да чекаат. Но, и јас сум човек и имам чувства. Имам мислење, не сум секогаш точен и во право, но моите намери се искрени и добри", заклучил Каније.