Пејачката Ријана ги остави своите обожаватели без здив кога вчера на својот Instagram профил сподели разголени фотографии од најновата фото сесија за магазинот "AnOther".
Дваесетишестгодишната пејачка носи маска на покојниот дизајнер Александар МекКвин, кому и целиот број му е посветен.
Изданието за пролет/лето 2015 ќе има три различни насловни страни, кои ќе ги претставуваат трите најголеми љубови на покојниот дизајнер – модата, филмот и музиката.
Ријана остана доследна до себе, па уште еднаш ѝ ја покажа на публиката својата сензуална и провокативна страна.
Интересно е дека ова е веќе четврта насловна страна на која поп дивата се најде во последните месец дена. Пејачката претходно можевме да ја видиме на насловните страни на магазинот "W", "Harper’s Bazaar" и "i-D".