Дејвид Бекам (39) со причина се смета дека е една од машките модни икони бидејќи него е речиси невозможно да го забележите во лоша модна комбинација.
Рајан Рејнолдс (38) веројатно паднал под влијание на сопругата Блејк Лајвли која има пак беспрекорен моден стил, па и самиот тој мудро ги избира своите парчиња облека и притоа важи за една од најдобро облечените машки ѕвезди.
Неговиот колега Бредли Купер (40) од друга страна пак порадо избира неутрални комбинации кои најчесто нема премногу да го потенцираат и со помош на кои тој ќе се претопи со масата на луѓе, додека Пирс Броснан (61) со својата појава предизвикува воодушевување буквално каде и да се појави.
Овојпат ви донесуваме спонтани фотографии директно од улиците. Ова се некои од машките ѕвезди и нивните секојдневни модни изданија.