На средбата присуствуваа министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, заменик-министерот Спиро Ристовски и вицепремиерот Зоран Ставрески. А, претставници на Студентскиот пленум беа Стефан Видиков и Ивана Туфегџиќ, како и професорките Гордана Силјановска иСузана Ќофкаровска од Професорскиот пленум.
Од Студентскиот пленум повторно нагласија дека нема никакви шанси да се согласат со воведувањето на државен испит како дел од реформскиот пакет за високото образование. Студентите ги имаат окупирано сите факултети и прогласени се за автономни зони, а од таму не заминуваат според претходните најави се додека не се укине Законот за високо образование.