Да, и претседателот на САД може да биде "изваден од такт" до таа мера да заборави на пристојниот речник, открил неговиот долгогодишен советник Дејвид Акселрод, кој неодамна напишал книга за својот 40 години долг политички ангажман. Во книгата "Believer: My forthy Years in Politics", Акселрод открил помалку познати детали за карактерот на Барак Обама, со кого работел околу 7 години.
Така тој опишал еден инцидент од Белата куќа, кога претседателот на сред разговор го "пратил по ѓаволите".
"Ја критикував неговата стратегија за дебата со републиканскиот кандидат Мит Ромни во 2012. година. Тој толку се разлути и ме опцу со зборовите "Mother Fu...r" и бесно го напушти кабинетот", се потсетува Акселрод.
Сепак, на крајот, се воспоставило дека Акселрод бил во право, со оглед на тоа што Обама тогаш имал блед и незабележителен настап. Сепак, вели Акселрод, следниот пат се подготвиле подобро.
Новинските натписи знаат да го разлутат, иако, доколку негативно го претставуваат, секогаш вели дека не ги прочитал, вели Акселрод.

Тој исто така се свртел кон ставот на Обама за хомосексуалците, велејќи дека претседателот ги сокрил своите вистински ставови за да им се додворува на гласачите.
"Лично имаше симпатии кон идејата за геј бракови, но во јавноста кажа дека повеќе е за граѓанска заедница", открил Акселрод.