Американските власти вчера објавиле информација дека е откриен нов вирус, за кој се верува дека е одговорен за минатогодишната смрт на совршено здрав човек во Канзас.

На вирусот му било дадено името "Бурбон", според округот во кој починала првата жртва. Ова е прв пат вирус од овој вид да предизвика смрт во САД.
Овој вид на вирус, или "thogotoviruses" е поврзан со крлежите и комарците во Европа, Азија и Африка.
Човекот од Канзас, во 50-тите години од животот, имал убод од крлеж на телото, неколку дена пред да ги почувствува симптомите. Научниците користеле напредна молекуларна технологија и утврдиле дека несреќниот човек умрел од новиот вирус.

Докторите кои го лечеле човекот, на неговото рамо пронашле крлеж полн со крв.
Оние кои заболуваат од овој вирус патат од главоболка и грозница, се наведува во истражувањето на американскиот здравствен центар.
Починатиот човек се лечел со антибиотици, но неговата состојба се влошила и дошло до откажување на работата на бубрегот и тешко дишење. Умрел 11 дена по појавувањето на првите симптоми.