"Русија се впушти во апсолутно дрзок и циничен процес во текот на минатите денови", рекол Кери на почетокот на состанокот со својот британски колега Филип Хамонд, а пренесува Reuters.
"Ние разговараме за дополнителни санкции, за дополнителни напори, и убеден сум дека во наредните неколку денови на луѓето ќе им биде јасно дека ние не сакаме да ја играме оваа игра...и да бидеме дел од вакво кукавичко однесување", истакнал Кери.

Украина и САД ја обвинуваат Русија за собирање на војници и оружје на истокот на Украина, во судирите кои продолжуваат и покрај официјалното стапување на сила на прекинот на огнот од 15-ти февруари.