Порно-ѕвездата силувана пред своето семејство

Банда тинејџери влегла во семејниот дом на порно актерката во Лас Вегас, каде што ја ограбиле и сексуално ја злоставувале.

Порно-ѕвездата Сајтерија и нејзиното семејство биле жртви на напад на 19-ти јануари, во нивниот семеен дом во југозападниот дел на Лас Вегас.

Полицијата дошла на местото на несреќата за да ги истражи пријавениот грабеж, влегувањето на приватен имот и сексуалниот напад. Две деца и три возрасни лица биле во домот во моментот на злосторството, како што е наведено во соопштението, пренесува Telegraf.rs.

Тројцата осомничени, 18-годишниот Кимар Рејни, 17-годишниот Едвард Лондон и 16-годишниот Кеси Френкс, биле уапсени по инцидентот. Двајца од нив биле третирани како возрасни, односно како полнолетни. По две лица сè уште се трага.


Полицискиот командант Дејвид МекГрет, оваа ситуација ја нарекол "редок случај", со оглед на фактот што станува збор за банда која влегла во домот на непознати луѓе.


"Семејството не ги познавало напаѓачите", објаснил командантот, пренесува gamefaqs.com.

Сите осомничени ќе одговараат пред суд за ова кривично дело, а тројцата осомничени зад себе веќе имаат криминално минато.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О