Историја пред очите: Овие фотографии не смеат да бидат заборавени

Фотографската служба на агенцијата Ројтерс прослави три децении постоење со потсетување на фотографии кои го обиколија светот.





Германија 2006: Поранешниот американски претседател Џорџ Буш не се снашол најдобро со расплакано бебе во пресрет на средбата со Ангела Меркел.


Грузија 2008: Маж плаче додека во прегратки држи роднина кој настрадал во бомбардирањето на Гори, 80 километри од Тбилиси.


Конго 1996: Момче од Руанда е фотографирано додека се обидувало да се затопли по доаѓањето во градот Гома, со околу 20.000 други бегалци.


Авганистан 2008: Американскиот маринец Вилијам Олас Би за малку ќе бил погоден кога Талибанците пукале во сиромашната провинција Гармсир.


Германија 1986: Советскиот лидер Михаил Горбачев му честита на Ерих Хонекер, лидерот на Источна Германија на реизборот за секретар на партијата SED.


Кина 1989: Тогаш настанаа имињата „Непознатиот демонстрант“ и „Човекот тенк“ на оваа добро позната фотографија настаната на протестите во Пекинг.


Германија 1989: Маж го руши Берлинскиот ѕид, додека го набљудува група војници. Историскиот момент забележан на фотографијата му претходи на обединувањето на Германија.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О