Приспивната песна на оваа млада мајка стана вистински хит, a на неа и го промени животот

Кимберли Хендерсон по прв пат забременила на 16 години, а моментално одгледува четири деца како самохрана мајка. Иако завршила училиште за медицински сестри, таа отсекогаш ја сакала музиката и компонирањето.

Една декемвриска ноќ таа се снимила себе си како ѝ пее преубава приспивна песна на својата едногодишна ќерка Веда.

Нејзината сестра ја убедила да ја постави како видео на Facebook, а за само недела дена нејзиниот видео запис го погледнале повеќе од 20 милиони луѓе. Кимберли буквално преку ноќ станала популарна, а недолго потоа започнала да гостува и во телевизиски емисии.

Инаку, пред неколку месеци младата мајка доживеала и сообраќајна незгода со својата ќерка Веда, но бебето благодарение на специјалното седиште останало неповредено. Малку подоцна токму компанијата која го произвела тоа седиште ја контактирала за да снимат спот за нејзината приспивна песна и да ја прогласат за официјален сингл.

- Ме доведоа во Лос Анџелес, ми платија за сè, мојот хотел, авион. Беа импресионирани од мојата приказна, вели младата мајка.

Погледнете ја приспивната песна која може да му ја пуштите и вие на вашето дете:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О