Неколку стотици луѓе денеска протестираа барајќи оставки од министерот за здравство Никола Тодоров, директорите на Фондот за здравство и од лекарските комисии. Оставки си поднесоа двајцата директори на ФЗОМ. Предводник на протестот беше мајката на Тамара, која не престанува да плаче. Родителите велат дека нема да дозволат и второто дете, кое има срцева мана да го убијат институциите, како што се случи со Тамара.