24-годишниот Георгијан Салиниевици од романскиот Галати ја продава својата невиност минимум за2.000 евра. Имено, толку пари му биле потребни за да ги подмири своите долгови и својата понуда ја сфатил многу сериозно.
Салиниевици студирал, но поради сиромаштија морал да се откаже од студиите и сега работел како чувар и заработувал 150 евра. Поради тоа, ова момче веќе го облепил својот град со плакати на кои порачал дека неоќта помината со него за некоја дама би бил одличен подарок за претстоечкиот Ден на жените.
Исто така, на плакатите напишал: „Ова го правам за да излезам од финансиски проблеми, не поради забава и сакам за тоа 2.000 евра. Нема да се согласам на помалку“.

Неговите услови се следните: жената која ќе му ја одземе невиноста треба да биде искрена и нормална. „Не треба да биде премногу убава, но треба да биде фина и пристојна“.
Неговиот пријател Василе Хан открил дека Салиниевици досега имал неколку врски, но „никогаш не ја пронашол онаа вистинската со која би одел до крај“.
„Тој сексот го сфаќа многу сериозно, а тоа што својата невиност ја понуди на продажба зборува многу за сериозноста на финансиската ситуација во која се наоѓа“.
Салиниевици веќе добил една понуда од 29-годишна девојка од Букурешт, но ја одбил затоа што таа му понудила само 1.125 евра...