Иако и понатаму е во одлична физичка форма и ден-денес се занимава со танцување, познатата Бејб сега има 54 години – и тоа и се познава на лицето. Таа после огромниот успех со „Dirty Dancing” можеше да направи фантастична кариера, но наместо тоа одлучи некое време да се повлече од светот на филмовите – и тоа не без причина.
Имено, во 1987 година, кога се појави филмот, таа доживеала тешка сообраќајна несреќа заедно со тогашниот партнер Метју Бродерик. Тие имале директен судир и двајцата преживеале, но мајката и ќерката кои се наоѓале во другиот автомобил ја немале таа среќа.
Џенифер подоцна изјави дека поради грижа на совест одлучила да се повлече од јавноста на некое време – и оттогаш не успеа да ја поврати старата слава.
Џенифер подоцна изјави дека поради грижа на совест одлучила да се повлече од јавноста на некое време – и оттогаш не успеа да ја поврати старата слава.
Таа сега живее мирен живот во Калифорнија со својот сопруг Кларк Грег, исто така актер. Тие имаат ќерка Стела, а Џенифер речиси целосно се откажа од актерската кариера. Сепак, таа и понатаму е активна со танцувањето, па во 2010 година победила во шоуто „Танц со ѕвездите“. На прегледите кои му претходеле на шоуто и` бил дијагностициран рак на штитната жлезда, па веднаш била оперирана. Во меѓувреме, актерката имала и операција на `рбетот, кој го оштетила во сообраќајната несреќа, па и не е за чудење што Џенифер, за разлика од некои други нејзини колешки, не се одлучила да се послужи со ботокс и пластика за да ги избрише брчките кои ги оставиле времето и тешкиот живот. |