Трудница починала по царски рез, ја искасапиле - Докторите се фалат за завршената работа

Цели три месеци Соња Миладиновиќ од Чуприја, Србија се борела за живот по тешкото породување со царски рез кое и било направено во локалната гинеколошка болница.

Иако успеала да го роди своето трето дете Лена, лекарите не успеале да и го спасат животот. Таа починала пред 4 дена на урегнтната клиника во Белград.

Нејзината тажна приказна започнала на 17-ти ноември кога дошла да се пораѓа во болницата во својот град. И третото како и претходните две деца го раѓала со царски рез. Но операцијата се искомплицирала. Почнала да крвари и лекарите морале да и ја извадат и матката и јајниците поради внатрешно крварење.

Но проблемите не завршиле. Уште наредниот ден таа добила инфекција по што била префрлена како итен случај во Белград, а се востановило дека повредена и била и бешиката и уште неколку други внатрешни органи.


Во период од 3 месеци, лекарите и направиле десеттина операции за санирање на внатрешните рани, реконструкција на цревата и бешиката. Во два наврати била во клиничка смрт по што ја реанимирале, но на крајот, не успеале да и го спасат животот.

Докторскиот тим во Белград за смртта директно ги обвинува своите колеги во Чуприја поради бројни лекарски грешки. Тие пак се правдаат дека работеле маестрално.


Сопругот на починатата жена најавува тужба. Тој вели дека таа починала од сепса.

"Отиде здрава на закажаниот царски рез, ми ја искасапија жената и на крајот не успеа да се избори", вели сопругот кој остана сам со 3 дечиња.

36-годишната Соња Миладиновиќ покрај 3 месечната ќерка и сопругот ги остави и своите синови на возраст од 5 и 13 години.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О