Црн ден за археологијата: Снимка од немилосрдниот “културоцид” на џихадистите на ИСИС!

Кога ќе снема луѓе над кои можат да ги извршуваат своите ѕверства, џихадистите на Исламската држава се вртат и кон уништување на културните споменици и цивилизациското наследство. Секој изложен примерок во еден ирачки музеј во покраината Нинива, го претвориле во прав со своите пневматски чекани.

Ирачкиот град Мосул е центар на уште еден варварски чин на џихадистите на ИСИС, кои влегле во археолошкиот музеј, и речиси сите експонати во него буквално ги претвориле во прав. Станува збор за статуи и скулптури кои датираат илјадници години наназад, пренесува Daily mail.


Овој културоцид го забележеле и со видео камера, а снимката се појавила на ЈуТјуб. Снимката можете да ја погледнете на крајот од текстот. Некои од скулптурите се антиквитети кои датираат од 7. век пред нашата ера.


ИСИС културоцидот го оправдува со спроведување на својата политика во име на пророкот Мухамед. "Пророкот ни нареди да се ослободиме од статуи и реликвии, како што тоа го направиле неговите следбеници кога ги освојувале земјите", вели неименуван припадник на Исламската држава.


ИСИС пред некое време во Мосул запалиле и библиотека со повеќе од 10.000 книги и најмалку 700 стари ракописи.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О