Под името "KYCB" и позади приказната „Закрепнување од опасно нарушување во исхраната: од 31 до 51 килограм“, оваа жртва на анорексијата на Reddit ги сподели деталите од својата борба со милиони луѓе.
Нејзината приказна и храбриот потег со останатите да ги сподели своите најтешки моменти, наидоа на одлични реакции на интернет. Нејзината сегашна фотографија има околу 2.000 коментари.
„Така! Изгледаш прекрасно и здраво, само продолжи така девојко, научи да се сакаш себе си и чувај се“, „Едноставно си преубава“, и` порачуваат корисниците на оваа девојка.

На прашањето зошто одлучила на интернет да ја открие својата приказна, одговорила: „Постојат толку причини, прво сакав да ја споделам мојата приказна, да добијам поддршка и да ги охрабрам другите кои се борат со нарушување во исхраната. Кога некој е во рацете на оваа болест, враќањето на старата тежина може да биде застрашувачко, а примерите од луѓето кои успеале во тоа и ја споделуваат својата приказна докажуваат дека тоа не е лоша работа“, вели таа.
Важна е и нејзината друга причина, укажување на тоа колку е погрешно и опасно пропагирањето на слабите девојки во медиумите.
„Медиумите ги поврзуваат здравјето и среќата со губењето на килограми, но тоа е далеку посложена работа. Постојат неколку начини за да дојдете до среќа и здравје, патот за секого е различен“, вели оваа девојка.
Иако очекувала дека со својата приказна ќе привлече доста внимание, оваа количина на позитивни коментари не ја очекувала. Најзначајно ѝ е тоа што луѓето со неа ги споделуваат нивните приказни, нивните борби.
„Мојата приказна е всушност, на некој начин, недовршена. Фотографиите кои се на интернет не ја опфаќаат мојата целосна борба. Од тинејџерските денови бев по болници, ги губев и враќав килограмите, заминував дома па повторно се враќав, се повторно се враќаше“, раскажува таа.
Последниот престој иследното излегување од болница ѝ било пресудно, тогаш си ветила себе си дека ќе ја победи болеста. Секако, не била доволна само волјата, туку и големата помош од лекарите.
„Бев исцрпена, ментално и физички, ме умори опседнатоста да ги мерам калориите, својот живот да го кројам по некои правила, се` се сведуваше на тоа кога, каде и што јадам“, раскажува оваа девојка.

„Имам 23 години и никакво животно искуство. Никогаш не сум имала сериозна врска, немам завршено факултет иако го запишав на 17 години, не сум го видела светот. Знам дека треба да проживеам многу работи и знам дека ништо не би било возможно ако останев роб на болеста“, нагласува оваа храбра девојка.
Најголема поддршка на патот до оздравувањето ѝ дале докторите, но и семејството. Нејзините родители преживеале многу работи, но никогаш не изгубиле надеж дека нивната ќерка ќе ја победи болеста. Тие биле покрај неа кога и` се заканувале разни искушенија.
„Во болница немате многу избор, мора да јадете, а во реалниот свет многу лесно можете да им се вратите на лошите навики“, открива таа.
Стравот од смртта ѝ бил уште еден поттик. Стравот од храната полека исчезнувал, што повеќе јадела, толку храната станувала помалку страшна. Таа и денес се бори со болеста, понекогаш повторно ги брои калориите, но не се откажува. Таа им порачува на сите кои имаат слични проблемида побараат помош.