Во Латинска Америка, 15-тиот роденден на девојчињата се обележува со гламурозни забави, а повод е тоа што според нивната традиција, девојчето тогаш влегува во светот на возрасните жени. Тоа е прилика за гламурозна забава, која често е на граница на кич.
Фотографиите направени во мексиканскиот град Мотереј го докажуваат тоа. „Quinceañera“ како што се нарекува овој празник, се одржува без исклучоци, а родителите просто се натпреваруваат чија прослава ќе биде погламурозна и поскапа. Не е реткост да мораат да позајмат пари, за на својата миленичка да и` приредат забава.
Овие прослави подразбираат лимузина, често не една туку неколку во колона, гламурозни тоалети и голем број на гости.
Фустанот е еден од најважните детали кога се однесува на оваа прослава, па на тоа се посветува посебно внимание. Не е реткост девојчињата да бираат фустани по примерот на латино актерки и ѕвезди на мексикански сапуници. Бидејќи овие прослави се слични на матура, така девојчињата имаат свои придружници кои мора да облечат одела во комбинација на бојата од фустанот на девојчињата.
Уште еден од задолжителните детали е кореограф кој мора да води сметка за тоа секој детаљ, од влегувањето на девојчето во салата, до првиот танц, да помине како што треба.
Иако многумина ги критикуваат ваквите прослави, родителите, ниту девојчињата, не се откажуваат од организирање на вакви прослави. Колку чини – нека чини.