Поранешен преведувач, кого го нарекуваат Салех, рекол дека позади маската на Џихади Џон навистина се крие Мохамед Енвази, 26-годишник од Лондон, кој во Исламската држава е задолжен исклучиво за убивање заложници кои доаѓаат од Западот.

Поранешен припадник на Исламската држава тврди дека бил присутен кога Џихади Џон го убил јапонскиот заложник, новинарот Кени Гот. Тој е единствениот сведок кој досега признал дека во живо сведочел на брутално убиство, пренесува Sky News.

Поранешен преведувача, кого го нарекуваат Салех, рекол дека позади маската на Џихади Џон навистина се крие Мохамед Енвази, 26-годишник од Лондон, кој во Исламската држава е задолжен исклучиво за убивање заложници кои доаѓаат од Западот.



Тој извршил седум погубувања со отсекување на главата на заложниците

„Видов како го убива Кени Гот, малку оддалеку. Откако го уби, дојдоа три личности кои телото го пренесоа во автомобил. После тоа, Џон отиде по својот пат. Тој е шеф, тој не прима наредби туку им кажува на другите што треба да прават. Секогаш повторуваше – побрзо, побрзо да завршиме со тоа“, раскажал Салех.



Тој навел дека Џихади Џон бил угледен во групата затоа што убивал заложници од Западот.

„Можеби затоа што ги убива со нож. Тој е убиец кого сите го почитуваат. Сириските заробеници може да ги убива кој било, но странците само Џон“.

Салех тврдел дека заложниците, пред навистина да бидат убиени, биле заплашувани со лажни погубувања. Поради тоа заложниците биле мирни на снимките од егзекуциите.



„Им велевме дека нема да има проблем, да не се грижат, дека нема да ги убиеме, дека само сакаме нивните влади да престанат да го напаѓаат ISIL“, рекол Салех кој бил задолжен да ги уверува заложниците дека се` ќе биде во ред.

Тој на крајот побегнал од Исламската држава во Сирија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О