Каде се "границите"? Овие фотографии ќе ве натераат да размислите за тоа

Секој ден жените се изложени на некаков облик на вознемирување, кое може да биде агресивно, но и суптилно и кое е најчесто, нажалост и општествено прифатливо.

Уметникот Алари Бартел, се обиде да ја подигне свеста за овој проблем со серија од потресителни фотографии, а својот проект симболично го нарече "Граници".


Алари, како што вели, сакала на сликовит начин да ги прикаже вообичаените места на кои жените се среќаваат со секаков облик на вознемирување.

- На овој проект ме поттикнаа пукотниците во Санта Барбара кои многу брзо прераснаа во глобална тема која беше инспирација за голем број на жени ширум светот за отворено да проговорат за сексизмот, за насилството кое го преживеале и притоа да ја споделат и својата приказна со другие, вели Алари.


Во мај 2014-тата година, 22-годишниот Елиот Роџер уби шестмина млади луѓе, кој тогаш од автомобил во движење пукаше врз ученици на Универзитетот во Санта Барбара. После масакрот, Елиот изврши самоубиство, оставајќи зад себе мизогинистички манифест во кој изрази длабока омраза кон жените.

Бартел се одлучила за овој проект и поради фактот дека и самата таа е жена.



- Ако го прифатиме непочитувањето, понижувањето и потценувањето, всушност се сложуваме на сексизам. Поголемиот дел од моите примери беа силни и самостојни жени, а би сакала вакви жени кои би можеле да служат како пример да ги има и во колку што е можно поголем број, објаснува Алари.



Според едно канадско истражување, дури 90 отсто од жените доживеале некаков облик на вознемирување на работното место. Поразувачката бројка токму говори во прилог на тоа во каква состојба е денешното општество и на кој начин се однесува тоа кон жените.

Повеќе за работата на Алари Бартел може да прочитате и на нејзината веб страница.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О