Многу мажи денес имаат проблем со прерана ејакулација. За тоа постојат многу причини, некои се поврзани со стрес, други се психолошки, а трети од физиолошка природа. Сепак, ако ја одберете вистинската поза во кревет, можете да го продолжите задоволството, што и на двајцата многу ќе ви одговара.
За подолг секс се препорачува мажот да седи на работ од креветот или фотелја, со стапалата на подот, а жената да ги завитка рацете околу неговиот врат и нозете околу половината. Во оваа позиција нема силен притисок, затоа што жената со движење на колковите го одредува ритамот, додека мажот е пасивен и може подолго време да го одложува оргазмот.
Исто така, сексолозите ја препорачуваат и позата во која мажот лежи опуштено на грб, а партнерката го пречекорува, со лицето свртено кон него. И во оваа поза, повторно жената ја води играта, а мажот може да се фокусира на контролирање на ситуацијата и одложување на оргазмот.