Сите оние што досега не поднеле годишна даночна пријава за персонален данок на доход, тоа ќе може да го направат и во понеделник.
Управата за јавни приходи информира дека поради тоа што 15 март, до кога треба да се пријави персоналецот, паѓа во неработен ден, пријави ќе примаат и на 16 март.
Регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат и в сабота до 14 часот.
Веќе од вторник 17 март ќе можат да се поднесуваат и исправки на поднесените годишни даночни пријави за персонален данок на доход.