Семејството на Марвин Геј покрена судски процес против создавачите и изведувачите на овој хит, а поротата во судот во Калифорнија донесе одлука според која семејството ќе добие отштета во висина од 7,4 милиони долари. Ова е еден од ретките случаи во кои последниве години е донесена пресуда поради плагијаторство на популарна песна.
Најчесто помалку познати изведувачи покренуваат случаи, обвинувајќи големи ѕвезди за плагијаторство, но ретко кога случајот добива поголеми димензии, односно најголемиот дел од нив не ни стигнуваат до судот.
Според одлуката на поротата создавачите на хитот „Blurred Lines“ не извршиле намерно плагијаторство, но сепак ќе мора да платат отштета.
Од 7,4 милиони 4 милиони се отштета, плус 1,6 милиони долари од заработката што ја остварил Фарел Вилијамс, односно 1,8 милиони од Робин Тик.