(ВИДЕО) Граѓаните застанаа на патот на нова катна гаража пред Аутомакедонија

Спречен беше обидот на фирмата „Никофон“ утринава да започне со изградба на нова катна гаража пред Аутомакедонија откако станарите од околните згради излегоа на паркингот да протестираат. По кратко време полицијата им забрани на инвеститорите да го оградуваат просторот и им нареди да ги отстранат ознаките со „Забрането паркирање“ и „Приватен имот“.

Како што вели станарот Драган Димитроски инвеститорот нема дозвола за градење во моментов, па со тоа што го ограничува просторот го забранува правото на слободно движење. Ова е трет протест на граѓаните што живеат во близина. Изминатава година неколку пати побараа од Општина Центар да им излезе во пресрет и да не издава дозвола за градење на „Никофор“, а градоначалникот Андреј Жерновски два пати до сега ја стопираше изградбата.

Тие не можат да се помират со решението да се узурпира последниот простор откако беа масакрирани парковите околу хотел „Бристол“. Проблем претставува тоа што при градењето ќе ограничи просторот на движење, станарите ќе немаат каде да ги паркираат своите возила, а ќе се оневозможи пристап до зградите внатре во случај на пожар или било каков инцидент. Во моментов со паркиралиштето пред Аутомакедонија стопанисува општинското претпријатие „Паркинзи“ кое им дозволува на центарци да паркираат бесплатно.

Освен тоа граѓаните велат дека нема никаква потреба од нова катна гаража кога веќе постои една од другата страна на улицата со која стопанисува „Градски паркинг“.

Што се однесува до идејното решение, во барокен стил, станарите велат дека е грдосија која не би поднеле да се испречи пред нивните прозори.

Парцелата беше продадена во јуни 2012 година по цена од 6.150 денари од метар квадратен, или 124.500 евра за 1.245 метри квадратни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О