Со право може да се каже дека Кетрин Мидлтон е вистинска трендсетерка и голем познавач на модата. Токму затоа не нè чуди воопшто фактот дека дури ниту во поодмината бременост таа не се откажува од своите шик изданија.
Па така, дури ниту за одбележувањето на Денот на Комонвелтот (Commonwealth Day) во Лондон, убавата војвотка го привлекуваше вниманието во својот розов капут со потписот на Alexander McQueen и асиметричната шапка со потписот на Jane Taylor.
И покрај поодминатата бременост, војвотката од Кембриџ се одлучи за "nude" потпетици од розов сатен кои визуелно ги издолжија нејзините згодни нозе.
Погледете ги фотографиите од секогаш модерната и шик Кетрин Мидлтон: